Ако важите за вистински филмски фанатик, а притоа немате време за книгите – тогаш оваа креативна реклама е измислена за Вас! Денес, интернет просторот се базира на препораки и сугестии, така што Вашата селективна природа ќе биде збогатена со поголем избор, врз основа на она што предходно сте го барале, гледале, купиле. Инспирирани од ваквиот тренд, Eduardo Fialho и Dieo Koury, креаторите на оваа забавна реклама, направија бум за бразилската книжарница Livraria Cultura. Главната идеја е содржана во следното:
„Затоа што го гледавте… прочитајте…“
Не само што овој креативен пристап е навистина различен и забавен, во суштина има многу смисла и е во согласност со филмските остварувања во последните години – и самите сме сведоци колкав број на големи книжевни наслови ја доживееја својата екранизација (и постигнаа огромен успех). Затоа што гледавте нешто добро, сега прочитајте нешто уште подобро!