Кон крајот на неделава на Корчула свечено ќе биде отворен единствениот модерен PORT 9 RESORT. Сместен во Заливот на школките, само 2 километри одалечен од градот Марко Поло на Корчула, опкружен e со богата медитеранска вегетација. Овој ресорт има 4 павиљони со вкупно 170 соби, бутик хотел Melion, раскошна вила и летниковец Andreis, три ресторани и кафе барови.
Името Port 9 Resort e инспирирано од Корчула која важела како сигирно пристаниште уште од времето на античка Грција. Додека бројот 9 го симболиѕира бројот на кулите кое ги опкружуваат старото градско јадро.
Port 9 e уреден во модернистички стил со приѕвук на старото време. Во потполност е одраѕ на дестинацијата и историјата на градот, кој се протега пред ресортот. На зидовите дискретно се наѕираат старите карти на локалните каменоломи и цртежи на бушки и гајети, а гостите во единствениот спа центар ќе ги дочекаат вкусовите на аранцини и клашуни со мирисот на рузмаринот и лавандата.