На плажа или после вежбање, но никако пред спиење.
Нема подобро овошје од студена лубеница кога сонцето ќе запече. Благодарејќи на диуретското делување, сокот од од лубеница е одличен сојузник кога е во прашање слабеењето. Поточно, во борбата против целулитот. Големата концентрација на влакна, ниската калорична вредност и слаткиот вкус, ќе ве засити и помогне да го совладате гладот.
Избегнувајте лубеница пред спиење, постои можност вашиот желудник да не ја свари, затоа што за време на спиењето варењето е побавно, а тоа може да ви направи пробелеми со желудникот следниот ден. Исто така, веруваме дека не сакате да се будите на неколку часови за да одите во wc, затоа што лубеницата има диуретско делување, а со самото тоа ќе имате потреба често да уринирате.
Човекот е направен од 70% вода, а лубеницата содржи дури 90%. Сем тоа, бонус е и што е полна со витамините A и C, како и влакна, калциум, фосфор и магнезиум. Сокот од лубеница го јакне имунолошкиот систем, помага при детоксикација и сам по себе е добар антиоксидант.