Пред три години францускиот бренд Christofle кој е познат по прибори за јадење, го покажа својот прв оригинален сет за храна во облик на јајце.
Ова јајце се отвора како руската играчка бабушка, а внатре во јајцето на дрвен сталак се наоѓаат лажици, вилушки и ножеви за 6 лица. Првото Christofle јајце беше сребрено и расподадено со толкава брзина да веднаш одлучија да направат варијанти на јајцето обложени со 24 каратно жолто и розево злато, кои исто така се продадоа со голема брзина и истите се појавија во куќите на многу познати личности, вклучувајќи ја и фамилијата Кардашијан.
Сега брендот Christofle одлучи да продолжи со оваа линија и произведе мал сет со чајни лажички обложени со сребро и розе злато, Mood Coffee и Mood Coffee Precious.