Правилната грижа и негување на едно куче, може да ве чини цело богатство на годишно ниво, ако се сметаат вакцините, храната и производите за нега…
Во зависнот од тоа која раса на куче сакате да поседувате, можеби ќе морате да платите за него и повеќе од 10.000 долари, уште во самиот старт.
Ви претставуваме 5 најскапи раси на кучиња кои постојат во светот, фактите што ги прават посебни и број на достапни раси од тие видови.
Земете во обзир дека цените можат да варираат во однос на земјата во која живеете.
Салуки (околу $2,500)
Салуки е познато како Кралско куче од Египет и бил верен на човекот од времето на фараоните. Оваа раса на кучиња најчесто ја бирале трговците кои патувале по патот на свилата, како и античките ловци на зајаци и газели. Тие се долги , високи и грацилни кучиња кои можат да тежат до 35 кг. Ним им е потребно многу движење и трчање, така да доколку сакате и вие да поседувате едно вакво Салуки куче, овие работи мора да ги знаете.
Фараонско куче (дo $6,500)
Фараонското куче, всушност не е египетска раса. Националноста на ова куче е малтешка. Има префинет изглед и атлетски диспозиции. Тие се многу интелегентни. Кога се екстремно среќни и возбудени, ушите и носот им црвенеат. Имаат кратко црвенкасто влакно и шепи, каки и бркови во истата боја. Тежат околу 25 кг. а некои од нив и помалку. Тврдоглави се и независни, а нивното дресирање е често пати тежок предизвик.
Тибетански мастиф (до $7,000)
Оригинално потекнуваат од Непал и Кина, а можат да тежат до 80 кг. Во старите времиња оваа раса е користена како заштита на стадата и домовите од нападите на леопрдите и волците. Дресурата на оваа раса е многу тешка, бидејќи по природа се трврдоглави и упорни. Минатата година редок црвен Тибетански мастиф е продаден во Кина за 1.9 милиони долари.
Lowchen ($3,000 и повеќе)
Lowchen преведено од гермаски јазик значи мал лав и на прв поглед оваа раса нема ништо необично. Можат да бидат тешки до 10кг. што е воглавно случај со мажјаците. Тешко се ноѓаат, постојат само неколку стотици кучиња од овој вид кои се регистрирани во званичните кинолошки здруженија во целиот свет. Инаку, тие потекнуваат од средовековна Франција и Германија, многу се друштвени, сакаат игра и уживаат во друштво со луѓето, а посебно со децата.
Akita (околу $4,500)
Од сите видови раси на нашата листа Akita е најпознато – најмногу благодарејќи на холивудската – Приказна на едно куче – Хачико. Потекнува од северна Јапонија, но постои јапонска Акита, односно Акита Ину и американска Акита која е позната само под името Акита. Двата вида се многу скапи, посебно надвор од Јапонија. Акитите имаат изглед, крзно и темперамент сличен на останатите Spirtz раси, во која спаѓаат и Сибирските хаски. Toа се прилично тешки кучиња, навикнати на ниски температури, со масивни глави и дебело дупло крзно.