Познатиот произведувач на рум од бермудскиот острови Gosling Brothers Limited, тукушто претстави едно од најлуксузните пакувања на рум.
Карибите се епицентарот на денешното производство на румот, со околу 80% од светското производство. Румот долго време се користел и за медицински потреби. По тоа посебно била позната британската морнарица, која на своите морнари им давала напитоци од рум и вино, за да ги заштити од скорбут. Оваа мешавина била позната под името „Tot o’ rum“, а во румот и виното се додавало и лимета.
Сериски обележеното шише на црниот рум Goslings Black Seal Rum од 750ml се наоѓа во дрвена кутија која е рачна изработка, а со неа доаѓа и фантастично кристално шише кое претставува реплика на America Cup трофејот “Auld Mug“. Ексклузивното пакување содржи стаклен чеп за шишето и книга со кожни корици, каде точно се опишува процесот на производтсво, како и мал дегустацијски дневник.
Преубавата дрвена кутија е изработена од англиската компанија Moran Wood Components, додека кристалното шише го креираше компанијата Dartington Crystal. Креирани сe само 166 примероци од овој ексклузивен сет, по цена од $10,000.