Овие слики изгледаат како оштри, елегантни фотографии, меѓутоа во реалноста, секоја од овие слики е масло на платно, создадени од страна на сликарката Anna Halldin Maule. Taa создава неверојатно детални и убави женски портрети.
Уметницата соработува со нејзиниот сопруг Tom Maulen, а сите слики се базирани на фотографии на кои тој снимил професионални модели, а потоа Ана избира фотографии кои и служат како инспирација.
Жените денес ги напаѓаат медиумите кои диктираат како би требало да изгледаат и што треба да мислат!
Серијата на слики PERSONA, ги истражува “маските” кои денес ги носат жените во потрага за откривање на нивниот идентитет и женственост, како и убавината која е подложна на материјални добра. На едно ниво нејзините беспрекорно изведени дела ја слават убавината и гламурот, но од друга страна, ја одразуваат женската колективна опсесија со модата и изгледот, истражувајќи ги “маските” кои ги носат – дефинирајќи се според денешните стандарди на убавина.