Во текот на минататите сезони, се почесто можевме да видиме различни statement парчиња, а оваа сезона, најнеобичното го најдовме кај чевлите, поточно на statement – потпетиците. Некои од нив се интересни, некои необични, но за некои слободно, може да се каже дека се бизарни.
Vetements
Чизмите од брендот Vetements кои изгледаат како чорапи со потпетици во форма на запалка, доаѓаат во 3 бои и со цена од 1, 150 фунти….
Saint Laurent – необични потпетици кои можете да ги имате по цена од 1000 $.
Dolce & Gabbana Carretto Siciliano потпетиците, можат да бидат украс на вашата полица за 5.000 долари.
Thom Brownе високите потпетици се совршени за сите љубители на сидра, а нивната цена е 660 американски долари.