Кога уметноста ќе стане хоби…
Ако сте мислеле дека времето на гоблените е одамна минато и дека вашата баба е еднствената која се уште ги везе, не сте во право. Модерната верзија на гоблени ќе ве импресионира и ние сме убедени дека ќе се обидете и вие да направи по некој.
Лиам, создава волшебни три-димензионални гоблени кои неодоливо повикуваат да ги допрете. Вез со девојки, коси и реални фризури како коњска опашка до плетенка, се интересен и поинаков пристап кон креирање на гоблени – таписерии.
Косата во делата на Лијам секогаш е во преден план, а везот добива нова димензија со рабовите кои ” паѓаат ” од таписериите и и ја прават косата полна со енергија.