Иако стилски сите венчаници се различни, една работа ги поврзува сите заедно, а тоа е потписот Viktor &Rolf. Овие модели се уметнички креирани силуети, а секој од овие дизајнирани модели изгледа уникатено и волшебно.
Колекцијата се состои од прекрасни силуети и уметнички детали. Колекцијата е силна и она што се забележува кај сите модни куќи кои креираат венчаници е комбинезонот, наместо традиционалните фустани, кој како лајт мотив се провлекува низ сите колекции.
Играјќи со пропорциите, дизајнерите главно се фокусирале на различните форми и асиметрија, кој е заштитен знак на оваа Haute Couture естетика.