Луксузните поседи со врвни погодности, декорација и поглед, не чекаат долго на првите или новите сопственици …
И покрај тоа што чинат многу, навистина, тие само за кратко време ги наоѓаат своите нови сопственици. Сепак, за тие што имаат многу пари и сакаат нов дом, работите се многу поедноставни, затоа што изборот е преголем! Во светот постојат толку многу прекрасни и неверојатни вили, да е тешко да се избере најдобрата.
Овој пат, ви претставуваме една таква вила, која лесно може да се најде на листата од најспектакуларните домови на светот, a се наоѓа во Бриџхемптон и чини неверојатни $ 45 милиони.
Овој ултра модерен посед е резултат на соработката помеѓу Џеј Биaлски, Андре Кикоски и Едмунд Холандер Дизајн. Ексклузивната погодност која оваа вила ја издвојува од другите е транспарентниот базен, каков што досега не сме виделе. Се наоѓа на работ и нуди брзпрекорен поглед на целиот имот, што е вистинско задоволство!
Заедно со базенот и просторот за сончање, оваа вила има три ката, седум спални соби, единаесет купатила, отворен концепт простор, соба за медиуми, сауна и винарска визба. Надворешен екстериер вклучува ал фреско трпезарија и кујна, но кровниот инфинити базен е дефинитивно шлаг на тортата.