Изграден во 1990 година за еден колекционер на уметнички дела, Skycastle и самиот изгледа како уметничко дело.
Овој прекрасен посед го креираше Дејвид Лоренс Греј, а се наоѓа во привилегираниот дел на Холивуд Хилс, каде што со своите 1.200 м2, девет спални соби и фантсатичните отворени простори, го опива секој посетител.
Џед Либер, познатиот музичар кој има освоено бројни награди, го купи овој модерен замок во 2012 година и му даде свој личен печат. На пример, на самиот посед постоеше одвоена куќа за гости со две спални соби, а тој ја претвори во музичко студио.
Овој модерен замок има високи тавани, масивни стаклени прозори и грандиозен влез низ кој влегува доволно природна светлина во неговата внатрешност.
Самите соби се доста пространи, а ги краси една фина мешавина од камен, бетон и челик, која ви го одзема здивот.
Шлаг на тортата е погледот кој оваа локација го нуди – тоа е она за што сите мечтаеме.
Оваа вила чини 50 милиони долари.