Градот Кируна во шведската Лапонија, почна со својот проект – урбана трансформација со помош на тим за развој…
За да го прослават овој почеток, ангажирани се уметниците Mats Bigers и Lars Bergstrom, за да креираат социјална структура каде што локалното население и посетителите можат да се соберат и да раговараат за претстојните промени во нивната животна средина. Овие уметници создадоа златна сауна, наречена Solar Egg.
Инспирацијата за овој дизајн доаѓа од арктичката клима на овој дел од светот, каде што владее целодневна темнина во текот на зимата и целодневно сонце во текот на летото. Уметниците ја користеа формата на јајцето како симбол на повторно раѓање, бидејќи, тоа е токму она што му се случува на овој град.
Јајцето е високо 5 метри, а широко 4 метри и има школка направена од позлатен не-рѓосувачки челик, кој на едининствен, уникатен начин го рефлектира пејсажот. Структурата на јајцето има 69 делови, така што лесно може да се демонтира, пренесе и состави на друга локација.
Бидејќи сауните се популарни во овој дел од светот, уметниците сметаат дека овој нивен дизајн, би можел да стане ново место за средби во удобна и топла средина.