Тоа што до вчера беше провокативно и незамисливо, денес стана составен дел од нормалниот секојдневниот изглед.
Веќе сме сведоци на по малку чудни комбинации, како што се слип фустаните преку бели маици или градник-топ, над кошулата. Дали оваа сезона ќе го одбележи овој тренд на долна облека, која веќе не е скриена од погледите, туку гордо се покажува?
Продолжувањето на овој провокативен, но интересен тренд, својата нова епизода ја доби во форма на костими за капење.
Тешко е да се направи разлика што е костим за капење, а што долна облека.