Празните пластични шишиња, картонскиот отпад и празните стаклени тегли можат да станат многу интересни суровини за луѓето кои сакаат ракотворби и “направете го тоа сами” проекти …
Не мора да ги спомнеме оние кои се љубители на рециклирањето и намалувањето на отпадот, што човештвото го создава на дневна, месечна и годишна основа. Постојат голем број на многу добри работи кои можат да се создадат од пластични шишиња. Ако сакате да ја декорирате вашата куќа и имате доволно време за проект “направи сам” направете був од пластични шишиња.
Се што ви треба:
– Едно празно пластично шише, ако немате едно од Кока-Кола, побарајте некое со слична амбалажа
– остар нож
– лепак и маркер
– акварел бои со кои ќе го обоите бувот
Чекори кои треба да ги следите:
Земете празно пластично шише и одбележето го местото, како што можете да видите на сликата во галеријата. Со нож, исечето го пластичното шише и залепете ги заедно деловите на кои сте ги нацртале главата и телото. Земете ги акварелните бои и нацртајте був на залепените делови. Доколку првиот не ви излезе баш најдобро, продолжете да вежбате се додека не добиете совршен був, кој ќе го краси вашиот дом.