Кендал Џенер повторно ни се се насмевнува – овој пат од страниците на рекламната кампања за La Perla за 2017 година.
Убавата манекенка повторно е во улога на ѕвезда на кампањата, која е инспирирана од уметнички дела на Џорџија O Kиф и Питер Макс. Позирајќи пред панелите на цвеќињата во силни бои, Кендал и самата изгледа како да е дел од некој калеидоскоп.
А убава Кендал изгледа подеднакво добро во костими за капење, женствените чипки, ноќниците и долната облека.
Со светло црвен кармин, коса измазнета на назад, Кендал плени на секоја фотографија.