Сандали – Pierre Hardy 2015 година
Новата изложба во Музејот Fashion Institute of Technology New York, го истражува односот меѓу природата и модата.
Еднаш прускиот истражувач на природата Alexander von Humboldt, рекол дека перцепцијата и разбирањето на разновидноста на природата е можно само благодарение на добрата имагинација.
Изложбата во Њујорк го нуди токму тоа. Врската на високата мода на познатите дизајнери и брендови кои се инспирирале од различните природни феномени.
Alexander Mcqueen 2010 и Mme. Pauline 1955. година
Дел од изложените дела се чевли со флорална декорација, капа украсена со птица и фустани, кои јасно црпат инспирација од природата.
Paul Gaultier 1987. и 1988.година Charles James 1955. година