Екстравагантноста е секогаш модерна…
Инспирирани од духот на ирскиот писател и севкупната книжевна и историска драма околу неговото творештво и постоење, барот во Њујорк кој го носи името на Оскар Валјд оддава почит на неговата плодна приказна. Навраќање на викторијанската ера со сиот нејзин гламур – како и самиот Валјд, тимот позади овој бар (прв од својот вид, посветен на маркантниот автор) верува дека животот треба да се живее и надвор од неговите граници, со еден допир на софистициран разврат… зошто да се испушти сета таа забава?
Во прилог, погледнете неколку фотографии од ентериерот, додека отворањето е закажано 16ти август. Повеќе информации и фотографии може да видите на нивниот facebook – instagram – twitter профил.