Бруно Шимлеша, еден од најпопуларните хрватски автори, на средба со своите читатели во Скопје!
Во четврток, 8 јуни, со почеток во 19 часот, во Книжарницата ТРИ во Дебар Маало Бруно Шимлеша ќе ја промовира својата хит-книга „Љубовологија“. И 6 години по првото издание, „Љубовологија“ е сè уште една од најпродаваните книги од оваа област. Огромен број читатели тврдат дека конечно преку „Љубовологија“ научиле што значи, всушност, да се сакаш себеси и како да ја развиеш таа љубов!
Бруно Шимлеша (1979) е автор, колумнист, ТВ-водител и мотивациски говорник од областа на популарната психологија и духовност. Неговите книги со години се на листата на најпродавани во Хрватска, Словенија, Србија и Македонија. Полните сали на неговите предавања потврдуваат дека Шимлеша е автор со значително влијание, кој ужива голема поддршка и има посветена и лојална читателска публика.
ЉУБОВОЛОГИЈА, или како да научите искрено да се сакате себеси и другите!
„Љубовологија“ е најпопуларната и најпродаваната книга на Шимлеша. Од самото нејзино издавање во 2011 година постигна огромен успех во Хрватска и во регионот. По 6 години од првото издание, сè уште е една од најбараните книги за љубовта, со над 30.000 продадени примероци само во Хрватска.
Кога би постоела наука за љубовта, оваа книга би била учебник!