Гумените сандали кои ги носевме како деца и кои не заштитуваа од острите камења, морските ежови и сите други “проблеми” со кои можевме да се судриме при влагање во морето, сега, благодарејќи на Ријана и Пума се враќаат во мода. Покрај Пума, уште неколку брендови го прифатија овој повратнички тренд.
Bershka ова лето ни нуди пластични сандали со сјај.
Овој тренд на пластични папучи и сандали, кој беше актуелен во 90-тите години, ова лето ќе биде насекаде околу нас.

Дури и за оние на кои естетски им се неприфатливи, ќе се согласат дека тие се многу практични.