Оваа кампања ја одбележува третата инсталација 365 концепти кои Прада ги создаде во јануари оваа година, со цел, да се отфрлат конвенционалните методи на рекламирање. Тоа е серија на приказни, кои се појавуваат со различни толкувања на сезонските понуди од оваа модна куќа. Кампањата има еден интимен пристап кон модата, прикажувајќи ја жената во неформална и секојдневна облека.
Во фокусот на оваа кампања есен 2017, е бушавата јакна, кожните палта и одличните чанти.