Читателите на луксузниот магазин Elite Traveler кој се наоѓа во џеповите на седиштата во приватните авиони, го одбраа најдобриот ресторан во светот.
Станува збор за ресторанот Азурменди во Шпанија, во местото Ларабеку, во кој шефот Енеко Аткса ги изведува своите кулинарски магии и креира интересна, модерна баскијска кујна. Инаку, ова не е прва престижна титула на ресторанот Азурменди, бидејки тој веќе поседува три Мишелин sвезди.
Кога ќе ја погледнеме целата слика, на листата 100 најдобри ресторани, доминираат САД, кои се на четвртата позиција, вклучувајќи 10 ресторани само во Њујорк. По нив, следи Франција со дури 18 ресторани, осум со адреси во Париз.
Потоа, кулинарските претсолнини од оваа листа се Сан Франциско со пет, како и Лондон, Хонг Конг, Чикаго и Токио со по три.
На шестото доделување на награди за животно дело, му беше доделена на шефот Џоел Робушон, а италијанскиот шеф Масимо Ботура беше прогласен за готвач на годината. Доминик Крен од Сан Франциско беше прогласен за ѕвезда во подем.