Филмското студио Paramount, познато е по филмовите како што се Невозможна мисија, Форест гамп и Кум, а сега одлучи да ги прошири своите хоризонти и да оди чекор понатаму, со создавањето на нова групација на хотели – Paramount Hotels & Resorts.
Глобалните планови ги опфаќаат градовите Лос Ангелес, Доха, Дубаи и Ријад.
Првиот во низата на хотели е штотуку отворен во Бодрум, Турција. Хотелот се протега на површина поголема од 100 000 метри квадратни. Ова луксузно одмаралиште е скриено во борова шума со приватна марина за јахти.
The Bodrum by Paramount Hotels & Resorts има 135 луксузни соби со панорамски поглед кон морето, како и посебни вили. Сите луксузни вили се со големина од 195 квадрати до 900 квадрати, опремени со сопствени внатрешни и надворешни базени, турска бања и соба за масажа.
Хотелот има 4 ресторани, а на плажа ќе ве забавува Blue Marlin кој изворно доаѓа од Ибица и познат е по опуштената атмосфера, коктелите и медиренската кујна.