Француската модна куќа Louis Vuitton е позната по спектакуларните дестинации на кои ги организира презентациите на своите ревии.
Овој пат, Louis Vuitton ја одбра улицата Шинибаши во центарот на Кјото, каде ја претстави колекцијата. Многу познати личности седеа во првиот ред , за да ги видат од прва рака новитетите, кои француската модна куќа ги спремила.
Презентацијата почна со Рила Фокушима, која е позната по појавувањето во филмот Wolverine. Носеше јакна која е колаж од различни видови на крзно, со додатоци на леопрад принт на рамената. Понатаму на пистата продефилира армија на омилените манекенки на брендот, меѓу кои беа: Фернарда Ли, Кики Вилијемс, Меј Ван Хастер и други..
Ексклузивноста на оваа колекција е тоа што Николас Гескије, креативниот директор на модната куќа Louis Vuitton, соработуваше со јапонскиот дизајнер Кансаји Јамамото. Тој додаде во колекцијата некои од традиционалните јапонски детали. Јамамото, стои зад самурајските маски и останатите традиционални јапонски дизајни како што се фустаните со монистри и кожните чанти кабуки.
Кансаји е планетарно популарен затоа што неговата облека со задоволство ја носеше Дејвид Боуви. Веруваме дека се сеќавате на фамозниот авангарден едноделен костим со монистри, кој го носеше Дејвид Боуви.
Самиот Гескије призна, дека во својот гардеробер поседува голема количина на гардероба со потпис од Јамамото, која ја купувал на аукции.