Богатите луѓе на светот се повеќе се загрижени за својата приватност …
Практично, секој уред кој гo носиме со нас, може да стане алатка за шпионирање. За оние кои мислат така, Vertu има решение. Тоа е обичен мобилен телефон кој беше претставен оваа година, a нема ни една паметна функција!
Запознајте го новиот Vertu Signature Cobra limited edition, мобилен телефон кој чини 360.000 американски долари, украсен со рубини и користи технологија стара повеќе од десет години. Само осум од овие телефони ќе бидат произведени, а еден од нив ќе биде продаден во Кина.
Vertu Signature Cobra има 388 различни компоненти. Рачно е составен во Велика Британија, додека неговотo куќиште е дело на францускиот бренд Boucheron. Инспириран e од оригиналниот телефон Vertu Signature и покриен со 439 рубини кои се поставени така што личат на кобра, на обвивката околу предниот дел на телефонот.
За очите на кобрата, луѓето од Boucheron, искористија два смарагда. Ако сте заинтересирани, можете да го купите овој телефон преку веб-сајтот Jingdong Mall, но како што велат од брендот Vertu, вашиот телефон ќе пристигне со хеликоптер!