Одделот на Jaguar Land Rover SVO (Special Vehicle Operations), следниот месец ќе го претстави најмоќниот Јагуар досега. Jaguar XE СV Project 8, ќе биде произведен во лимитирана серија од 300 модели, од кои секој е рачно изработен.
Овој Jaguar седан, со најмоќната верзија 5.0 на – литарски V8 мотор со компресор, 600 коњски сили на сите четири тркала, камуфлиран со SVO дизајн, е втор по ред во колекционерската едиција на возила SVO, по фантастичниот успех што го постигна со Jaguar F-Type Project 7 во 2014 година.
“Тимот на SVO е опседнат со создавање на возила, кои ќе овозможат нај возбудливо возење, кое што можеме да го замислиме. Тоа прецизно ќе се постигне со новиот модел XE SV Project 8, кој ја зголемува аеродинамиката и перформансите на највисоко ниво. Тој е како создаден за ентузијастите и колекционерите.. “- изјави John Edwards, директорот на SVO Jaguar Land Rover.