Ќе ни биде потребно многу повеќе од 140 карактери за да ја опишеме канцеларијата на Твитер во Менхетен …
Оваа платформа за социјални мрежи, која вработува околу 4.000 луѓе од целиот свет, се пресели во својот деловен простор во срцето на Њујорк, пред две години. Денес, во оваа канцеларија работат 400 вработени, а таа претставува втора по големина, по онаа во Сан Франциско.
Кога се приближувате кон зградата во која е сместен нивниот деловен простор, ќе ви посака добредојде познатата сина птица на фасадата. Инаку, зградата во која се сместени нивните канцеларии, всушност, претставуваат два магацини од дваесеттиот век, кои се поврзани.
Прво на она што ќе најдете кога ќе влезете внатре е секако фоајето, кое содржи кафе бар, како и бројни саксии со растенија, кои се чини дека ја омекниваат атмосферата на сериозност што една канцеларија ги има.
Во подрумот може да видите кафе во стил на спикиција, кое е наменето за вработените, а се карактеризира со Арт Деко вибрации. Во кафето постои Ripple Maker, кој “печати”дезени на вашиот омилен пијалок, па така можете да си уживате во голтките на зборови, емотикони, Твитер лого, сопствени слики или било што ви се допаѓа. Инаку, кафето не е единствен пијалак во кој можете да уживате тука – на запослените им е на располагање и точено пиво и вино розе!
За приватни разговори на телефон, тука се сместени светло црвените кабини со удобни места за седење, така што вработените по своја волја може да зборуваат колку сакаат, а притоа да не ги вознемируваат другите. Во подрумот постои и библиотека, која е отворена за сите вработени, како и неколку конференциски сали.
Вработените во оваа компанија појадокот и ручекот можат да го јадат во големата кафетеријата, која се наоѓа на првиот кат, предводена од шефот Марк Гандара, кој претходно бил вработен во ресторанот Црвениот Петел. Тој секојдневно им нуди на своите гости неколку нови опции, иако на сите вработени пицата им е омилено јадење.
Инаку, во аголот на кафето, можете да видите убава цветна уметничка инсталација, која требало да биде привремено, но таа станала постојан дел од декорот, бидејќи на вработените им стана драга.
Самиот план на работниот простор е отворен, но повторно, има доволно простор за приватни телефонски разговори или деловни состаноци. На секој кат на канцеларијата има мини кујна, каде што вработените често се собераат и работат на нови идеи.