Малиот архипелаг кој ги вклучува островите Малта, Гозо и Комино, се наоѓа во водите на Средоземното море, кои почнуваат да се загреваат во мај, што значи дека од тогаш можете да ги поминувате деновите со сончање на песочните плажи, пливате во тиркизната лагуна или да ги истражувате античките локалитети.
Малта има најголем број на историски споменици, повеќе од која било друга земја во светот. Започнете ја турата со разгледување на праисториски храмови, некои од најстарите камени градби во светот или римските катакомби и средновековни градби. Малта е населена речиси од секогаш! Тука постојат траги од цивилизација кои датираат од 6 век пред нашата ера.
Малта има повеќе од 300 сончеви денови во годината и е опкружена со кристално сино море, едно од најчистите на Медитеранот, кое е рај за нуркачите.
Најважните места посетете ги со водич, односно црквата Mosta Dome, Ta`Qali – занаетското село, Mdina – прошетка низ градот на тишината, тврдината Rabat, Blue Grotto – сината пештера или турнеја на живописното рибарско село Marsaxlokk … А патувањето до соседното острово Гозо е одлична можност да на патот кон местото Cirkewa, ја истражите Малта.