Панталоните со линии ќе внесат свежина во вашата пролетно-летна гардероба. Одговараат на секој облик на тело, затоа што визуелно ги издолжуваат нозете и ги сокриваат сите недостатоци.
Оваа сезона модерни се широки пантолони со линии во кои ќе ви биде пријатно, а истовремено убаво ќе изгледате.
За топли денови, одлучете се за пантолони со линии кои се изработени од природни материјали како што се лен, памук или свила.
Овој дизајн на пантолони е класичен, а сепак е модерен и посакуван.
Едноставни се за коминации, можете да ги носите со обична мајца, блуза или лесна јакна, но исто така одлично ќе изгледаат и со кожна јакна.
Овие пантолони можете да ги носите во секојдневна варијанта со патики, а ако се одлучите за сандали со вискока потпетица, ќе добиете префинет и елегантен изглед.