Во новата пред – есенска кампања 2017. на Miu Miu, актерката Џејми Кинг, како и моделите Саманта Арчибалд, Хоџис и Лили Новa, се појавуваат на фотографиите кои се вистинско освежување.
Снимени во хотелска соба во Лондон, оваа кампања на свој уникатен начин ни раскажува приказна за женското пријателство, неговата сила и значење, со помош на насмевки и опуштени пози. Што се однесува на модата за оваа сезона, во фокусот се крзнени палта, фармерки и декорирани здолништа.