Dolce & Gabbana за промоција на својата пролетно-летна кампања 2017. ги избра Instagram sвездите, а за најновиот каталог на колекцијата за мажи Sartorial, италијанскиот бренд се одлучи за познатите лица од светот на модата.
Колекцијата на фантастичните одела за мажи, е прикажана преку приказна од светот на музиката. Во понудата се безпрекорно дизајнирани одела од врвни материјали, богати бои и текстури.
Секој стајлинг одлично е комбиниран со модни детали, како вратовските со интересни принтови или машки мокасини во силни бои.
Станува збор за врвно мајсторски знаење со препознатлив потпис – Made in Italy.