Кога мислите на островот Мајорка во Шпанија, ние сме сигурни дека имате прва асоцијација на Palma, главниот град или на Magaluf … Што ако ви кажам дека на овој остров има село кое е вистински скриен дијамант и е на листата на УНЕСКО за културното наследство?
Port of Soller, е фантастично село кое се наоѓа на западниот брег на Мајорка. Опкружено со планините Трамунтана, ова градче-село има најдобра сценографија на островот. На едната страна старите планини, а од другата морето.
Ова место минатата деценија оживеа, и стана софистицирана туристичка дестинација. Ако на оваа популарност и го додадете и стариот воз, тогаш имате совршено место за претстојниот одмор.
Soler е во областа која поинаку ја викаат Златната долина. Кога ќе ги видите авении на лимон, портокал и маслинови дрва, ќе разберете зошто. На патот назад, не заборавајте да купите hierbas, локален пијалак направен од локалните билки.