Првата работа на која треба да помислите кога правите модна комбинација со ремен е материјалот. Моменталниот моден тренд преферира ремени изработени од ткаенини. Причина за тоа не е само естетиката туку и практичноста на таков вид на ремен.
Ремените од ткаенини полесно се прилагодуваат на секоја фигура на телото, можат на повеќе начни да се врзат, од нормално врзување со копчата, па се до врзување во чвор.
Исто така, можете да го носите во контраст со облеката, а можете да го вклопите и како дел од мајцата, здолништето или пантолоните, каде ќе изгледаат како составен дел на облеката.
Ви советуваме, едниот крај од ременот оставете го слободно да паѓа. Ременот чиј крај е слободен, можете да го носите со сите модни комбинации, од балонери до пантолони.