Шведската пиварница St. Erik’s во својата понуда има пет пачиња чипс од компир по цена од 56 долари, а создадени се со цел, совршено се вклопат со нивното извонредно пиво кое го произведуваат.
Секој чипс е деликатно изработен од рацете на талентираниот шеф кој е дел на шведскиот национален кулинарски тим. Идејата е да се постигне рамнотежа помеѓу сосотојките кои совршено се вклопуваат со пивото St. Erik’s India Pale Ale. Во пиварницата велат дека им недостасувале одредени грицки, која би биле достојни на нивното премиум пиво, така да вложиле многу труд за да го произведат најексклузивниот чипс на светот.
Состојките на чипсот вклучуваат матцутаке, една од најпосакуваните светски видови на печурки и посебна тартуфна алга од ладните води на Фарските острови.