Чајот може да послужи како напиток за уживање но и како лек, ја подобрува состојбата на организмот, а со чај можете да ги изгубите и килограмите.
Ако паметно одберете кој чај ќе го консумирате и го пиете без шеќер, ќе ви помогне при детоксификација на телото и забрзување на метаболизмот, а со самото тоа и губење на килограмите. Ви ги претставуваме чаевите со кои ќе постигнете најдобри резултати ако ги воведете во вашата секојдневица.
Чај од нане
Етеричните масла кои се скриени во лисјата на пеперминтот, познати се како природни потиснувачи на апетитот, кои ја спречуваат ненадејната глад.
Причината за ова е дека мирисот на нане го стимулира производството на хормони, кои за возврат го регулираат чувство на ситост и автоматски го спречуваат гладот. Според една студијата од САД, луѓето кои редовно консумираат чај од нане, неделно јадат до 2.800 калории помалку. Не е чудно што килограмите горат со чај од нане.
Бел чај
Белиот чај поради сложениот процес на производство се смета за скапоцен. За производство на белиот чај се користат само затворените пупки и младите листови каде што има бели линии. Белиот чај е познат по своите здравствени придобивки како инфузија, затоа што белиот чај му обезбедува на организмот антиоксиданси кои се борат против слободните радикали и ги штитат клетките од оштетување. Поради високата содржина на катехол и полифенол, белиот чај е природен убиец на мастите, го стимулира метаболизмот и ги спречува мастите да се таложат во телото.
Зелен чај
Зелениот чај е веројатно најмногу познат по своите перформанси за губење на килограмите. Успехот на овој чај се наоѓа во посебната комбинација на кофеинот и супстанцата катехол која има позитивен ефект на брзо согорување на мастите. Зелениот чај, исто така, помага во спречувањето на желбата за слатки и побрзо согорување на калории. Зелениот чај го предизвикува метаболизмот во активна состојба и е добар како пијалок за детоксикација кој му помага на црниот дроб во чистење на отровите.