Koлекцијата на венчаници за 2018. на Elie Saab, е со богата силуета на која сме навикнале да ја гледаме кај славниот дизајнер.
Вкупно 13 венчаници се претставени во рамките на оваа колекција, трета по ред која ја прикажа дизајнерот.
Женственоста е концепт кој ни Elie Saab не го одбегна, а таа се гледа во величенственото драпирање.
Без разлика на тежината и гломазноста кои овие фустани со себе ја носат, тие никако не губат на својата величенственост.
Ова е бренд кој едноставно мириса на гламур.
Цветните мотиви се појавуваат налик на јапонските цреши и се многу романтични. Раскошниот дизајн е карактеристика на сите модели од оваа колекција.
Стартната цена на овие венчаници е 7.000 долари.