Абу Даби го перцепираме со сето негово богатство, класа и елеганција. Богатата култура го издигнува овој град меѓу најсјајните скапоцени камења во Блискиот Исток.
Италијанскиот уметник EDOARDO TRESOLDI, заедно со студио сместено во Дубаи, Designlab Experience, за три месеци направија инсталација од архитектонски елементи направени исклучиво од жица, на простор од 7 000 метри квадратни.
Со цел да се даде акцент на елеганцијата која му доликува на еден ваков кралски настан, Tresoldi воведе класична основа, на која го придодаде својот современ вкус. Оваа кохезија резултираше со еден извондреден антички град кој со својот сребрен сјај делува како да е опседнат со духови.