Англискиот бренд de Gournay никогаш ги нема разочарано љубителите на внатрешното уредување и сите оние кои го сакаат дизајнот и убавите работи.
Фантастично убавата колекција на sидни тапети која е резултат на соработката со калифорнискиот дизајнер Ken Falkom, прикажува егзотична зоолошка градина во која се наоѓаат жирафи, мечки, пингвини, зебри, тигрови, папагали, маајмуни и фламинга.
Едноставно, ни се чини како да сите тие, избегале од некоја зоолошка градина во Централ Парк и се доселиле во прекрасната градина на еден стан во Њујорк, кој е сопственост на некој, кој припаѓал на градската елита околу 60 -тите години на минатиот век.
Мотивите на градините се добро познати од предходните колкекции L’Eden и English Landscapes, меѓутоа новата соработка ве остава без здив.
Калифорнискиот дизајнер насликал 50 различни слики, а на секоја од нив има потрошено околу 150 работни часови. Колекцијата е направена во стилот на европските панорамски тапети од 19. век, со внимателно изработени детали.