Колекцијата на чевли и клач торбичките наменете за современите Пепелашки, ни доаѓа со потписот на луксузниот бренд Jimmy Choo.
Доколку сакате буквално да светнете за некоја посебна прилика, новата колекција на славиот бренд, доаѓа под името Cinderella. Во понудата се три различни модели на чевли со различна висина на потпетиците.
Овие чевли се украсени со Swarovski кристали и доаѓаат во златна, сребрена или светло сребрена варијанта. Салонките на предниот дел имаат додатен украс во вид на голем кристал.
Зачекорете во новите чевли смело, но внимавајте да не ги изгубите!