Колекцијата на венчаници на брендот Оscar de la Renta за пролет 2018 година е вистинска бајковита претстава, која има понуди за секоја невеста…
Некои од веќе запоставените опции за невестите во оваа колекција се повторно оживеани, како на пример пантолоните.
Колекцијата е романтична и полна со елегантни текстури. Самата модна ревија е прекрасно осмислена, додека дизајните кои се претставени се исклучително привлечни.
Секој стил го доби својот дел од ревијата, а употребата на тул е совршена.
Во оваа колекција секоја идна невеста ќе може да ја пронајде идеалната венчаница за неа или пак да добие инспирација за креација, за својот невестински фустан.