Со изложбен простор од 400 м2, Roberto Cavalli Home Interiors беше еден од протагонистите на миланскиот саем, во делот Lux кој е посветен на вонвременскиот, современ луксуз.
Главниот интерпретатор на расположението на овој дел од саемот беше темата природата, која е инспирирана од моменталниот дезен на брендот Cavalli: станува збор вистинска џунгла со тропски растенија кои им посакаа добредојде на посетителите на овој дел од саемот, веднаш транспортирајќи ги во сосем нов универзум.
Во секој случај, Roberto Cavalli Home уште еднаш ни дава шанса да го напуштиме светот на класичниот концепт на животниот простор и откриеме една неочекувана перецепција, која е израдена од инспирацијата, сеќавањата и емоциите.