Популарниот италијански бренд Ermanno Scervino го ангажираше славниот фотограф Piter Linberg да ја креира нивната модна кампања пролет – лето 2017.
Главната протагонистка на рекламната кампања е Кенија Кински, ќерка на сензуалната Настасија Кински и Квинси Џонс.
Преубавата Кенија, која очигледно ја наследила убавината од мајка и, позираше во друштво со својот дечко, американскиот глумец Вил Пелц. Кампањата е снимена на Normandy, во еден софистициран амбиент кој го рефлектира стилот на колекцијата за пролет- лето 2017.
Нежните крем нијанси и белата боја, доминираат во колекцијата. За софистицираност и женственост, во понудата се моделите од тантела.