Еден од најпотребните летни додатоци е летниот чадор, кој сем што ве штити од сонцето, истовремено ви овозможува да го изразите и својот стил…
Црните и монохроматски чадори за сонце се passe и затоа на сцена стапија ексклузивните, рачно изработени чадори од луксузниот бренд Le Parasol. Овој бренд креира уникатни парасоли кои се осмислени да ве заштитат од сонце на егзотичен начин.
Креатори на оваа визија се мајка и ќерка – Ана и Џесика Хес, кои рачно ги креираат овие модни чуда од најдобри материјали. Сите нивни производи се ултра гламурозни, но еден од нив ни привчлече најмногу внимание. Чадорот против сонце Kraken е уникатен, со рачно сошиен тиркизен штрас и рачно насликан златно син октопод – со металик монистри.