Јакните со разигран вез, одат одлично со пролетното време!
Време е да ги оставиме на страна- класичните еднобојни црни, сиви и кафени јакни и капути, додека дојде есента. Бидејќи пролетното време знае да биде нестабилно, сите ние пред да излеземе од своите домови, со себе ја земаме јакната.
Иако ја задржуваат својата чиста линија и основна боја, везот на наједноставните јакни им дава неочекуван карактер и доза на ведрина. Овие јакни одлично се комбинираат со било кој дел од облеката, а везот ја прави јакната впечатлива.