Jack Storms е уметник кој пораснал во New Hampshirе и на возраст околу 30 години ја открил својата љубов кон современата уметност. Кога бил на првата година на студиите, во близна на факултетот открил едно студио, во кое уметникот го изработувал стаклото на многу уникатен начин. Jack со тој уметник работел повеќе од една година за да ја научи секоја компонента и аспект на изработка на овој неверојтен облик на уметноста. Иако многу брзо научил дека процесот на изработка на скулптури од стакло бара интензивна работа, долготрајна и физички напорна, тој во 2004 година отворил свое студио.
Процесот на изработка на една скулптура може да трае до 24 недели, создавајќи кристал кој е исечен, полиран и ламиниран и создава прекраасни рефлексии.
За неговите дела, моментално постои шестмесечна листа на чекање.
Погледнете го видеото….