Во Венеција, која секоја година ја посетуваат милиони посетители, власта долго време настојува да се заштити и да го сочува градот и околината. Во настојувањето да ја сочуваат традицијата во романтичната Венеција, локалната власт забрани отворање на нови дуќани на брза храна и кебап продажни места.
Паула Мар од канцеларијата за туризам кажа, дека намерата им е да се стопираат сите активности кои не се компатибилни со развојот на културното богатство на Венеција, дека градот се спроривставил на кебабите и другите видови на брза храна. Таа додаде дека постои голема опасност Венеција да го изгуби својот идентитет и потребно е да се промовираат локалните производи и храна.
Во земјата која е поносна на националната кујна, на Венеција ова не и е прв пат да го ограничува продавањето на брзта храна. Минатата година Верона го направи истото.
Продавниците со брза храна кои веќе постојат, ќе продолжат да работат, но и за нив има нови правила на кои мораат да се придржуваат.