Karl Lagerfeld на сите им приреди едно фантастично патување низ времето. Инспирирана од античката Грција, модната ревијата на славната француска куќа Chanel Cruise 2018 под името “Модерна антика” прикажана во галеријата Grand Palais Courbe, е со феноменална сценографија, во која доминираа Партенон и храмот на Посејдон, со столбови кои излагаа од песокот.
Силуетите се во старогрчкиот стил, со набори, голи рамења, златни акценти, како обетките во облик на амфори или очила за сонце украсени со златни листови…се обележјето на оваа колекција.
Боите од оваа колекција совршено се совпаѓаа со сценографијата – земјени тонови, металик, белата, светли пастелни бои како и елементите од сината и црната боја.
Темата на линијата за Cruise за 2018 година, е секако поврзана со Коко Шанел која ја основала оваа модна куќа, а која до денес е непресушен извор на инспирација на Карл Лагерфелд.