Мебелот на Ikeа е лесен и функционален кој со мала креативност можете да го прилагодите на вашиот стил и да направите ново уникатно парче, чиј дизајнер сте токму вие.
Со мал буџет, лесно можете да го смените основниот изглед на вашиот стан, а доколку не сте нешто посебно креативни, во продолжение на текстов погледнете ја галеријата во која сигурно ќе најдете некоја идеја, за пролетно освежување во вашиот дом.
Се што во треба е основно парче на мебел, на кое сакате да му дадете нов посвеж стилски лик – со спреј во вашата омилена боја или боја која ќе се вклопи во ентериерот на вашиот дом, тапети кои го имитираат мермерот – или некој дуг дизајн кој е карактеристичен за вашиот стил.
Зчатното масиче во секој простор ќе внесе елеганција, а за тој резултат потребно ви е само спреј во златна боја!
За тие што повеќе ја сакаат класичната црна боја, тапети со шара на мермер се одлична комбинација.
Со комбинацијата на мермер и злато, никогаш нема да згрешите.