На секои две години, Светскиот економски форум го претставува извештајот за најдобрите туристички дестинации на светот.
Овогодишниот извештај се засноваше од резултатите на квалитетот која една туристичка дестинација ја прават посебна, вклучувајќи го здравјето, хигиента, безбедност и сигурност, инфраструктурата и природните ресурси. Рангирани се вкупно 136 земји, а Шпанија се најдена самиот врв, како најдобра дестинација за одмор.
Се паршувате зошто?
Прво што ни паѓа на памет е архитектурата на Гауди во Барцелона, Camino de Santiago, сиестите и сангрија и се друго на таа тема. Оваа европска нација ја заслужи својата титула заради одличните комбинации на културните и природни квалитети, сем лесната и развиена туристичка инфрастуктура.
Во извештајот пишува дека Шпанија имала зголемување во туризмот и тоа заради патниците кои ги избегнуваат некои дестинации, загрижени за својата безбедност.
По Шпанија, на оваа листа се најдоа и Франција, Јапонија и Англија. Мексико и Индија имаат значаен прогрес во однос на предходниот извештај.