Вистинска шарена рапсодија на чоколадни бонбони во кои подеднакво ќе ужива вашето непце и вашите очи.
Чоколадни бонбони со карамел, малина, кокос или можеби темно чоколадо, а што ќе речете со бурбон или мача чај?
Без разлика што лично преферирате, сигурни сме дека секој од нас би застанал и со воодушевување би се одлучил да ја тестира секоја бонбона, додека не ја најде највкусната.
Овие мали чоколадни бонбони се рачно изработени и се дело на слаткарницата Stick with Me од New York.